Над 1.600 граѓани побарале лекарска помош од почетокот на епидемијата во Гостивар. Вчера и завчера во тамошната болница „Ферид Мурад“ биле прегледани повеќе од 300 пациенти со симптоми на гастроентеритис. На Детското одделение биле 105 деца кои исто така имале симптоми на гастроентеритис.Епидемијата официјално беше прогласена откако беше надминат неделниот праг на заболени, а Центарот за јавно здравје – Тетово, Одделението за епидемиологија во Гостивар, продолжува со секојдневно следење на сост