Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера во скопската населба Ѓорче Петров, откако во него удрило патничко возило чиј возач потоа го напуштил местото на настанот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 21 јули 2026 година околу 14:00 часот и се случила на крстосницата меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонски војски“.

Во судирот учествувале мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.Ш. (44) од селото Волково, и патничко возило кое веднаш по несреќата го напуштило местото.

Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и возилото што избегале по сообраќајната несреќа.

The post Мотоциклист тешко повреден, полицијата трага по возачот што избегал appeared first on Скопско ЕХО.