Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонски војски“ во Скопје. Според МВР, во незгодата учествувале мотоцикл управуван од 44-годишен жител на Волково и патничко возило чиј возач по судирот избегал од местото на настанот.

Повредениот мотоциклист бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и возилото кои го напуштиле местото на несреќата.

The post Мотоциклист тешко повреден по судир со автомобил во Скопје, возачот побегнал appeared first on Скопско ЕХО.