Министерството за јавна администрација, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ја промовираше новата рамка за вработување во јавниот сектор, која се темели на заслуги, интегритет и компетенции. Со ова, како што беше истакнато на настанот, започнува практичната примена на мерит-системот во институциите.Министерот за јавна администрација Горан Минчев нагласи дека реформите во јавната администрација ќе имаат вистински ефект само доколку законските решенија доследно се применуваат во секојдневн