Премиерот Христијан Мицкоски ја обвини СДСМ дека се радува на негативни сценарија поврзани со „Алта банка“, додека Владата, како што рече, прави напори да најде решение и потенцијален купувач за банката.Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека проблемот е увезен од Србија, каде што, според него, има сериозни показатели за состојбите во банкарскиот систем. Тој истакна дека последиците веќе ги чувствуваат и македонски компании кои соработуваат со српски партнери, чии сметки и средст