Првичните резултати од парламентарните избори во Косово покажуваат нова победа на движењето „Самоопределување“ на премиерот Албин Курти, кое освои околу 42,3 проценти од гласовите.

На второто место се најде Демократската партија на Косово со околу 21,6 проценти, додека Демократската лига на Косово освои приближно 17,3 проценти од гласовите.

И покрај убедливата победа, резултатот не му обезбедува на Курти доволно пратеници за самостојно формирање влада, па во наредниот период се очекуваат интензивни коалициски преговори.

Ова беа трети парламентарни избори во Косово во последните 18 месеци.

The post Курти повторно победи на изборите во Косово, но пак без гаранција дека ќе се формира нова влада appeared first on Скопско ЕХО.