
На почетокот на јули, еврокомесарката за проширување Марта Кос, доаѓа во Скопје, на средба со премиерот Христијан Мицкоски. Тоа, како што рече премиерот, е една од редовните посети на сите европски политичари на земјава.
-Според опозицијата Владата била изолирана, а како таква изолирана јас во рок од два месеци остварив билатерлна средба со турскиот претседател, со франциускиот претседател и со германскиот канцелар. На билатерална посета беше хрватскиот премиер, јас бев на билатерална посета со австрискиот канцелар и беше претседателот на Европскиот совет тука во Скопје, се тоа за само два месеца. Сега ќе дојде и комесарката за добрососедска политика и проширување Марта Кос на редовна обиколка на регионот, прецизира Мицкоски.
Во почетокот на месецов, во земјава беше и претседателот на европскиот совет Антонио Кошта, во Тиват се одржа самитот ЕУ-Западен Балкан, а претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Софија имаше средба со бугарската претседателка Јотова. Премиерот Мицкоски по средбите со Макрон и Мерц вели дека е оптимист, но и дека очекува да се раздвижат работите.
Шефицата на државата од Софија пак порача дека по средбата со бугарската колешка станало јасно дека Бугарија има и други барања не само внесување на Бугарите во Уставот.