Еврокомесарката за добрососедска политика и проширување Марта Кос наскоро ќе престојува во Македонија во рамки на нејзината редовна обиколка на земјите од регионот, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Тој посочи дека станува збор за една од вообичаените посети на европските претставници на земјава и ја искористи можноста да ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека Владата е меѓународно изолирана.
Мицкоски нагласи дека во изминатите два месеца остварил билатерални средби со турскиот претседател, францускиот претседател и германскиот канцелар, а во Македонија престојувале и други високи европски претставници.
Тој потсети и на посетите и средбите со хрватскиот премиер, австрискиот канцелар и претседателот на Европскиот совет, оценувајќи дека тоа е доказ за активната меѓународна комуникација на Владата.
Премиерот додаде дека претстојната посета на Марта Кос е дел од нејзините редовни активности во регионот и уште една потврда за континуираната соработка со европските институции.
The post Еврокомесарката Марта Кос наскоро во посета на земјава appeared first on Прва Скопска ТВ.