Се смирува епидемијата во Гостивар. Регистрирани се 71 нов случај што е на ниво на фреквенција на инциденца пред 25 јуни, кога биле регистрирани помеѓу 50 и 100 случаи, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. Тој додаде дека е подобрен квалитетот на водата во градскиот водовод и дека има подобро хлорирање.

– Сметаме дека настанува смирување на епидемијата. Крај на епидемија мора да има само кога врз основа на епидемиолошките анкети ќе се утврди дека веќе нема случаи поврзани со градскиот водовод во Гостивар. Оваа бројка на нови болни може да бидат од сосема други причини-рече Клековски.

Министерот рече дека ваквото намалување се должи на подобрување на квалитетот на водата во градскиот водовод, бидејќи веќе неколку дена водата соодветно се хлорира и очекува намалување на бројката, но, вели, сепак Управувачкиот комитет по дополнителните проверки треба да каже кога водата ќе е соодветна за пиење и подготовка на храна.

-Штом нивото на резидуален хлор ќе биде постигнато во сите крајни точки кај што има негативни проби на крајните точки Управувачкиот комитет ќе каже дека водата е соодветна за пиење и подготвување на храна-рече Клековски.

– Сметам дека веќе квалитетот на водата значително подобрен, дека тоа е поврзано со падот на бројот новорегистрирани случаи-рече Клековски.

Текстот Клековски: Се смирува епидемијата во Гостивар е превземен од А1он.