Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари и изнуда.

За тројца од нив е доставен предлог за определување мерка притвор до судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје. Четвртиот осомничен одреден период е надвор од државата.

Според ОЈО ГОКК, групата ја формирал првоосомничен, жител на Куманово и во периодот од 2021 година со сериозни закани изнудувала пари од оштетени лица, најчесто злоупотребувајќи ја нивната финансиска зависност поради претходно земени позајмици.