Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари и изнуда.
За тројца од нив е доставен предлог за определување мерка притвор до судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје. Четвртиот осомничен одреден период е надвор од државата.
Според ОЈО ГОКК, групата ја формирал првоосомничен, жител на Куманово и во периодот од 2021 година со сериозни закани изнудувала пари од оштетени лица, најчесто злоупотребувајќи ја нивната финансиска зависност поради претходно земени позајмици.
The post Четири лица под истрага за тешки кривични дела, тројца предлог за притвор appeared first on Скопско ЕХО.