По вчерашните протести и реакциите на граѓаните поради долгогодишниот проблем со небезбедниот сообраќај на улицата Бутелска, надлежните институции презедоа конкретни чекори за подобрување на безбедноста во сообраќајот.Како што информираат организаторите на протестите, поставени се успорувачи на сообраќајот („легнати полицајци“) и соодветна вертикална сообраќајна сигнализација со цел да се зголеми безбедноста на пешаците и сите учесници во сообраќајот.Од граѓанската иницијатива изразуваат задоволство што нивните барања биле слушнати и што институциите реагирале навремено. Тие очекуваат преземените мерки да придонесат за спречување на идни сообраќајни несреќи и за поголема безбедност во населеното место.Сепак, додаваат дека и понатаму внимателно ќе ја следат состојбата на терен и ќе реагираат доколку повторно се појават проблеми што би можеле да ја загрозат безбедноста на граѓаните.Според нив, безбедноста на жителите останува приоритет, а соработката меѓу граѓаните и институциите е клучна за навремено решавање на ваквите прашања.