Инспекциските служби вчера спровеле координирана акција на повеќе локации во Скопје, при што биле отстранети нелегални улични продавачи кај Клиничкиот центар, Зелениот пазар и Буњаковец.

Акцијата била реализирана од Инспекторатот на Град Скопје во соработка со Државниот пазарен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство и Инспекторатот на Општина Центар.

Од Град Скопје информираат дека контролите биле насочени кон воспоставување на комунален ред, спречување на нелегалната трговија, заштита на јавните површини и создавање еднакви услови за сите трговци кои работат согласно законските правила.

„Нема да дозволиме јавните површини да се узурпираат и да се користат за нелегална продажба“, порачаа од Град Скопје.

Од градската администрација најавуваат дека инспекциските контроли ќе продолжат и во следниот период, со цел одржување на редот и почитување на законските прописи на целата територија на Скопје.

The post Инспектори отстранија нелегални продавачи кај Клинички, Зелен пазар и Буњаковец appeared first on METRO.mk.