Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, вечерва во 18 часот ќе тргнат од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче кон Крушево, продолжувајќи ја долгогодишната традиција посветена на одбележувањето на Илинден и на македонските херои.
Општина Аеродром ги повика граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, кој се организира во пресрет на големиот државен празник – 2 Август, Илинден.
The post Илинденскиот коњички марш од Горно Лисиче тргнува кон Крушево по 48-ми пат appeared first on Прва Скопска ТВ.