
Сопствениците на недвижен имот во Скопје во наредниот период може да очекуваат повисоки решенија за данок на имот, откако Советот на Град Скопје го усвои новиот Правилник за унифицирање на цените на земјиштето. Со него треба да се изврши усогласување на даночните основи со реалните пазарни вредности на недвижностите.
Од Град Скопје посочуваат дека во изминатиот период постоел голем јаз меѓу реалните продажни цени и вредностите според кои се пресметувал данокот. Во дел од случаите, станови кои на пазарот се продавале по значително повисоки цени, биле даночени според стари проценки.