Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во реконструкцијата на Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“, каде што се реализираат активности за обнова на фасадата и замена на внатрешното осветлување.Проектот, кој се финансира со заем од Светска банка, има за цел да ја подобри енергетската ефикасност на училиштето и да обезбеди подобри услови за учениците и наставниот кадар.„На 190-годишнината од постоењето на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ инвестираме во негова цел