Амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија постигнаа договор за 21. пакет санкции против Русија, со што се отвора патот за негово формално усвојување по завршувањето на писмената процедура, потврдуваат дипломатски извори.Преговорите за новите санкции траеја неколку дена, а последната пречка беше барањето на Грција нејзините бродски компании да продолжат да превезуваат руски течен природен гас наменет за трети земји. Постигнатиот компромис предвидува ограничено изземање од забраната за до