Опозициската партија ДУИ реагира и на коригираниот билгорд за добредојде во Скопје кој беше поставен викендов, а потоа сменет по реакција на граѓаните и партиите откако на него се појавија нелогични фотографии од Скопје, креирани со вештачка интелигенција.

-Во само еден ден, Град Скопје двапати отворено ја прекрши законската обврска за употреба на албанскиот јазик. Скопје е двојазичен град и неговите институции имаат јасна законска обврска албанскиот јазик да го користат во официјалната комуникација. Пред очите на јавноста, и покрај реакциите на граѓаните, Град Скопје продолжи да го игнорира законот, албанскиот јазик и албанската заедница, покажувајќи целосно непочитување кон мултиетничкиот карактер на главниот град,реагира ДУИ.

Партијата го повика Инспекторатот за употреба на јазиците да ги утврди прекршувањата и обвини дека директорот поставен од ВЛЕН го има „парализирано Инспекторатот и молчи пред очигледните прекршувања“ и „го претвора исклучувањето на албанскиот јазик во институционална практика“ па побара негова оставка.

The post ДУИ побара оставка од директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците поради билбордот на влезот во Скопје appeared first on Прва Скопска ТВ.