Денеска низ Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде и засилен.
Утринските температури ќе се движат од 4 до 11 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 9 и 15 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7 степени, а максималната ќе достигне околу 11 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од денеска следува период на стабилно и суво време со променлива облачност.
Во четврток, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла, а од петок се очекува постепено намалување на облачноста.
За време на викендот утрата ќе бидат значително постудени, при што на повеќе места минималната температура ќе се спушти под нула степени.
The post Доаѓаат студени утра: Од викендот минусни температури во Македонија appeared first on METRO.mk.