До 18 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а пет се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.Активни се пожарите во селото Старо Балдовци, Општина Босилово, каде што гори ѓубре, како и во селото Бајково, Општина Ново Село, каде што се зафатени ниска вегетација и мешана шума.Под контрола е пожарот во атарот меѓу селата Пуста Река и Цер, во Општина Крушево, каде што гореле депонија и сува трев