Кандидатот на Национална алијанса за интеграција Аркин Јахиј на вториот круг од изборите за градоначалник во Брвеница освоил 4442 гласа, додека кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Стојанчо Радичевски 4177 гласови, објави Државната изборна комисија на прес-конференција.

Ова се првичните неофицијални резултати добиени по електронски пат од сите 24 избирачки места во десетте населени места во општина Брвеница.

Одѕивот на гласачите е 54, 29 отсто односно на гласање излегле 8. 820 избирачи.

Претседателот на ДИК Бојан Маричиќ на прес-конференцијата изјави дека гласањето минало во фер и демократска атмосфера.

Приговори за гласањето може да се поднесе до вторник.

Текстот ДИК за изборите за градоначалник во Брвеница: Јахиј освои 4.442, а Радичевски 4.177 гласови е превземен од А1он.