Аркин Јахиј од „Националната алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, е официјален победник на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.

Според официјалните резултати на Државната изборна комисија, Јахиј освоил 4.442 гласа, односно 265 повеќе од неговиот противкандидат Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој добил 4.177 гласа.

Со ова, Јахиј ја обезбеди градоначалничката функција по неизвесната изборна трка во вториот круг.

Текстот Аркин Јахиј победи со 265 гласа разлика на изборите за градоначалник на Брвеница е превземен од А1он.