Делницата од Извор до Врбјани на автопатот Кичево–Охрид се очекува да биде пуштена во сообраќај на Денот на независноста – 8 Септември, соопшти премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите.

Според владините проекции, целиот автопат Кичево–Охрид треба да биде целосно завршен и ставен во употреба во првиот квартал од 2027 година.

За довршување на проектот се обезбедени 175 милиони евра преку заем од домашни банки. Мицкоски истакна дека финансиската конструкција е целосно затворена, што овозможува непречено продолжување на градежните работи на терен.

Премиерот најави дека паралелно ќе се реализираат активности и на автопатот Скопје–Блаце, како и на делниците од Коридорот 8.

Според најавите, во втората половина од годината ќе се работи на вкупно шест автопатски решенија низ државата, со што се очекува дополнително забрзување на инфраструктурниот развој и подобрување на патната поврзаност.

The post Делницата Извор – Врбјани ќе биде пуштена на 8 септември, автопатот Кичево – Охрид готов во 2027 appeared first on Прва Скопска ТВ.