Бугарија повторно се соочува со бран лажни дојави за поставени експлозивни направи, а овојпат покрај јавни институции и објекти, заканите опфатиле и патнички авиони, предизвикувајќи засилени безбедносни мерки.

Според информациите од бугарските безбедносни служби, дојавите биле испратени преку електронска пошта, по слично сценарио како и во претходните случаи кога поради вакви закани беа евакуирани училишта, трговски центри и други јавни објекти.

По добиените закани, полицијата, антитерористичките единици и специјализираните служби започнале проверки на локациите и леталата што биле опфатени со дојавите, додека паралелно се работи на откривање на испраќачите.

Бугарските власти соопштија дека ситуацијата е под контрола и дека се преземаат сите неопходни мерки за заштита на безбедноста на граѓаните и патниците.

Воедно, упатија апел до јавноста да остане смирена и да ги следи информациите што ги објавуваат надлежните институции.

The post Безбедносна тревога во Бугарија: Закани за експлозивни направи и во авиони appeared first on METRO.mk.