Безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин – нагласи директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов по повод јубилејот – 15 години од постоењето на АХВ, во пресрет на 7 Јуни, Светскиот ден на безбедноста на храната.

Како што истакна Миланов, минатата година АХВ ја заокружи со спроведени над 47.200 надзори, а за утврдените прекршоци изрече 6.770 инспекциски мерки.

Во 2024 и 2025 година при интензивни инспекциските контроли на домашното производство, прометот и увозот на храна, АХВ спречила над 80 тони небезбедна храна од неживотинско потекло, домашна и увозна, како и над 287 тони храна од животинско потекло да не стигне до трпезите на македонските граѓани.

The post АХВ посветено работи на безбедноста на храна со засилени инспекциски контроли, тврди директорот Миланов appeared first on Скопско ЕХО.