Американски воен хеликоптер „Апачи“ се урнал во близина на Ормутскиот теснец, а двајцата членови на екипажот биле спасени.

Причината за падот сè уште не е позната и истрагата е во тек, објави „Њујорк тајмс“.

Според изворите, не е јасно дали хеликоптерот бил погоден од ирански оган, претрпел механички дефект или имал друг проблем.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп јавно не објави информации за инцидентот, а Централната команда на САД не одговори на новинарските прашања.

The post Американски „апачи“ се урнал кај Ормутскиот теснец, не се познати причините за падот appeared first on Скопско ЕХО.