Родена со само 480 грама: Миа 16 недели се бореше за живот, а потоа следуваше неверојатен пресврт
Кога Миа дошла на свет, била тешка помалку од половина килограм. Родена во само 24-тата гестациска недела, минијатурното девојче веднаш се соочило со најголемата можна битка – да остане живо. Шеснаесет недели подоцна, наместо кревко новороденче од 480 грама, пред родителите стоело бебе тешко 2.610 грама, подготвено за следниот чекор од својот живот.