СÈ ПОЧНУВА ОД ГРИЖАТА: Репродуктивното здравје како клучна инвестиција за иднината
Желбата за потомство е една од најдлабоките човечки потреби, но современиот начин на живот носи бројни предизвици за плодноста. Според м-р фармацевт Симона Стоименовска, правилната грижа, навремената превенција и нутритивната поддршка можат значително да ги подобрат шансите за зачнување.