Проданоски: 80 нови ученици го започнуваат своето музичко патување во Прилеп
Во ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“ во Прилеп се одржа свечен прием на новите ученици за учебната 2026/2027 година. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Оваа учебна година музичкото училиште добива 80 нови ученици, што, според Проданоски, е показател за зголемениот интерес за музичкото образование и значењето на музиката во развојот на младите. [...]