„Безбеден град“ од 12 октомври ќе стартува и во Охридскиот регион
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска престојуваше во работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, каде со раководствата разговараше за актуелната безбедносна состојба и идните активности за унапредување на полициското работење. При посетата, Тошковски соопшти дека подготовките за воспоставување на командниот центар во СВР Охрид се во завршна фаза, [...]