Дел од Карпош денеска без струја, прекинот ќе трае до 13 часот
Дел од жителите на скопската општина Карпош денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа. Од ЕВН Македонија информираат дека прекинот ќе трае во периодот од 08:40 до 13:00 часот. Без напојување ќе бидат корисниците од улиците „Миладин Поповиќ“, „Драган Ѓаконовски – Шпато“ и „Беджих Сметана“. Од компанијата апелираат граѓаните да [...]