Делови од Гази Баба и Илинден денеска без струја
Жителите на делови од општините Гази Баба и Илинден денеска ќе бидат без електрична енергија поради планирани интервенции и реконструкција на електродистрибутивната мрежа, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на известување од „ЕВН Македонија“. Во општина Гази Баба, поради работа во трансформаторската станица „Синѓелиќ 2“, од 8:00 до 14:30 [...]