Клековски: Пет лица осомничени за злоупотреба на средства од ФЗО, услуги биле двојно наплатувани
Три лица од Фондот за здравствено осигурување и две лица од приватна здравствена установа се инволвирани во случајот со злоупотреба на средства од таа институција за што МВР спроведува акција, соопшти министерот за здравство Сашо Клековски. Тој појасни дека станува збор за повеќе видови на прекршоци, а една од најмасовните е двојна наплата на пациентите [...]