Иранска агенција: Натанз повторно нападнат од САД и Израел
Иранската новинска агенција Тасним објави дека утрово во американско-израелски воздушен напад бил погоден објект за збогатување ураниум во Натанз.Според извештајот, во комплексот не е забележано истекување на радиоактивен материјал и нема опасност за населението во околните подрачја.