Филипче: 6 години Македонија во НАТО, потврда на државничките политики на СДСМ
Пред точно шест години, на денешен ден во 2020 година, Македонија стана 30-та членка на НАТО Алијансата. Овој чекор, исполнет со национален интерес и државен успех, според лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обезбеди трајна безбедност, стабилност и сигурност за државата и сите нејзини граѓани.„Со одговорни и државнички политики, СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата. Со тоа обезбедивме трајна безбедност, стабилност и сигурност за држ...