Студено утро, потопол ден – температури до 18 степени
Минусни температури на планините и во дел од повисоките места, а преку ден пораст на температурите до 18 степени – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи.Најниска температура утринава е измерена на Попова Шапка со -7 степени, по што следуваат Маврови Анови со -3 и Крушево со -2 степени. Под нулата се и Крива Паланка и Претор со -1 степен, додека нула степени се измерени во Охрид, Штип и Струмица. Во Тетово, Берово и Виница се измерени 1 степен, во Битола, Прилеп и Демир Капија...