Дизелот би можел да поевтини за дополнителни 2 денари по литар
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција најави дека продолжуваат преговорите со снабдувачот „Окта“ за обезбедување дополнителен попуст на дизелот, со цел да се намали неговата цена.Одговарајќи на прашањето дали мерката ќе продолжи и по 20 октомври, Мицкоски рече дека за ова прашање ќе се разговара на денешната владина седница.Тој изрази оптимизам дека наскоро ќе биде постигнат договор за дополнително намалување на цената на дизелот за два денара по литар.