Филипче: Земјоделството е пред колапс а власта нема ниту една антикризна мерка
Кризата ќе станува се потешка, состојбата во земјоделството е алармантна, а владата нема донесено ниту една антикризна мерка за помош на земјоделците, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната средба со земјоделци во неготинско Криволак. Филипче посочи дека поради високите цени на нафтата, драстично се зголемени цените на вештачките ѓубрива и сите трошоци што ги имаат земјоделците, што сериозно ја доведува во прашање одржливоста на земјоделското производство и егзистенцијата...