„Имам што да одговорам, но мислам дека поединци не заслужуваат да бидат во центарот на вниманието“: Мицкоски за изјавата на бугарскиот министер за случајот со Ива Михаилова
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека навредливите коментари на бугарскиот министер за внатрешни работи во врска со случајот со Ива Михаилова не заслужуваат посебно внимание.„Имам што да одговорам, но мислам дека поединци не заслужуваат да бидат во центарот на вниманието. Овој тип на естрада што денеска ја гледаме таму, поврзана со фолклорот околу нивните претседателски избори, не заслужува коментар“, изјави Мицкоски.Тој ги повика и медиумите да ги игнорираат ваквите изјави на поединци.