Спорот поради мигрантите во Сеута заврши, Италија и Шпанија ги укинуваат контролите

Италија и Шпанија постигнале договор за укинување на меѓусебните гранични контроли воведени пред три месеци, со што се става крај на спорот што избувна по пристигнувањето на голем број мигранти во шпанската енклава Сеута. Одлуката ја соопшти италијанското Министерство за внатрешни работи, пренесува Ројтерс.Спорот започнал на 31 јули, кога италијанската десничарска влада еднострано го суспендирала режимот на слободно движење со Шпанија во рамките на Шенген-зоната. Од Рим тогаш образложиле дека це

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

Спорот поради мигрантите во Сеута заврши, Италија и Шпанија ги укинуваат контролите


Сподели преку

Електронска аукција на УЈП: продава деловни простори, дел од стан, возила и индустриска опрема

Деловни простори во Прилеп и Струмица, дел од стан во Битола, возила и различна индустриска и градежна опрема се најдоа на новиот оглас за продажба на движен и недвижен имот што го објави Управата за јавни приходи (УЈП).Според огласот број 09/2026, на електронска јавна аукција се нудат деловен простор од 31 квадратен метар во Прилеп, деловен простор од 108 квадратни метри во Струмица и идеална половина од стан во Битола со вкупна површина од 89 квадратни метри, односно 44,5 квадратни метри што с

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

Електронска аукција на УЈП: продава деловни простори, дел од стан, возила и индустриска опрема


Сподели преку

Забрана за риболов на крап во Мавровското Езеро до крајот на 2026 година

На Мавровското Езеро се воведува забрана за риболов на крап до 31 декември 2026 година, информираат од Националниот парк „Маврово“.Забраната е донесена со одлука на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, на барање на Националниот парк „Маврово“ и со позитивно мислење од Институтот за сточарство и рибарство – Скопје.Целта е да им се овозможи на порибените единки успешно да се приспособат на природните услови, да се распространат и да растат во езерото. Со оваа мерка се очекува да

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

Забрана за риболов на крап во Мавровското Езеро до крајот на 2026 година


Сподели преку

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 основани претставки до Судскиот совет

Вкупно 134.610 предмети останале нерешени во судовите во Македонија на крајот на 2025 година. Во истиот период, од 425 претставки на граѓани разгледани од Судскиот совет, само 13 биле оценети како основани. Податоците се дел од годишните извештаи што денеска ќе бидат разгледани на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.Пред пратениците ќе бидат презентирани и извештајот за работата на Судскиот совет и извештајот за реализацијата и трошењето на средствата

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 основани претставки до Судскиот совет


Сподели преку

Нов потпорен ѕид во училиштето „Страшо Пинџур“ во Дреново

Во подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“ во селото Дреново, Кавадаречко, изграден е нов потпорен ѕид поради обрушување на делови од претходниот, информираше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.Со градежните активности, реализирани од Општина Кавадарци, се зајакнува стабилноста на училишниот двор и се спречува понатамошно обрушување. Со тоа се создаваат побезбедни услови за учениците, наставниците и сите што го користат просторот.Од Општина Кавадарци посочуваат дека продолжуваат со в

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

Нов потпорен ѕид во училиштето „Страшо Пинџур“ во Дреново


Сподели преку

Таткото на сопругата на судијата Ѓоко Ристов сведочеше како дал кеш од 70.000 евра во банкноти од 500 и 200 евра за стан

Стан од околу 150 квадратни метри, купен за 140.000 евра, бил финансиран со по 70.000 евра од двете семејства, тврди Ивица Зориќ, татко на Симона, сопругата на Ѓоко Ристов. Зориќ, кој одговараше на прашања во текот на судското рочиште, изјави дека парите биле предадени во готовина, во банкноти од 500 и 200 евра.На прашање на обвинителот колкава е површината на станот, Зориќ одговори дека не ја знае точната квадратура, но дека станот е поголем од 140 квадратни метри, односно приближно 150.Според

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

Таткото на сопругата на судијата Ѓоко Ристов сведочеше како дал кеш од 70.000 евра во банкноти од 500 и 200 евра за стан


Сподели преку

Две лица приведени во Радовиш, полицијата пронашла марихуана

Две лица од Радовиш, на возраст од 30 и 31 година, биле лишени од слобода откако полицијата кај едниот од нив пронашла марихуана, соопшти МВР.На 20 октомври, во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ги лишиле од слобода Е.А. (30) и Е.Д. (31). При прегледот, кај Е.А. биле пронајдени две пакувања марихуана.Следниот ден, со судска наредба бил извршен претрес во домот на Е.А., при што повторно била пронајдена и одземена марихуана.За случајот бил известен јавен обвинител, а

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

Две лица приведени во Радовиш, полицијата пронашла марихуана


Сподели преку

(Видео) Тригодишно девојче во Кина висело од прозорец на 12. кат со главата заглавена во решетките – соседите го спасиле во последен момент

Тригодишно девојче во кинескиот град Џангпинг било спасено во последен момент откако останало да виси од надворешната страна на прозорец на 12. кат од станбена зграда, со главата заглавена меѓу металните решетки.Инцидентот се случил утрото на 17 октомври, кога детето останало во животозагрозувачка положба. Според локалните медиуми, девојчето било само дома, бидејќи таткото бил на работа, а мајката излегла до продавница додека тоа спиело.По будењето, детето најверојатно се обидело да помине низ з

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

(Видео) Тригодишно девојче во Кина висело од прозорец на 12. кат со главата заглавена во решетките – соседите го спасиле во последен момент


Сподели преку

(Видео) Со електричен тротинет на улица како да е автомобил, па врти преку две полни линии и влегува во спротивна насока

На улицата „Илинденска“ во Скопје, возач на електричен тротинет се движи по улица како да управува со автомобил, а при свртувањето ги преминува двете полни линии и продолжува во спротивната насока.Непочитувањето на сообраќајните правила може да доведе до опасни ситуации и да ја загрози безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

(Видео) Со електричен тротинет на улица како да е автомобил, па врти преку две полни линии и влегува во спротивна насока


Сподели преку

На Ива Михаилова ќе ѝ се суди во отсуство, следното рочиште е на 9 ноември

На Ива Михаилова, обвинета за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, ќе ѝ се суди во отсуство, откако по предлог на Основното јавно обвинителство во Кочани било донесено соодветно решение. Причината е што таа не им е достапна на државните органи.Михаилова на 12 октомври заминала во Бугарија, а на 13 октомври по неа била распишана меѓународна потерница. Според нејзината изјава за бугарските медиуми, таа тврди дека легално ја преминала границата и ја напуштила Македонија.

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

На Ива Михаилова ќе ѝ се суди во отсуство, следното рочиште е на 9 ноември


Сподели преку

Хрватска ги повика граѓаните да ги одложат непотребните патувања во Србија пред изборите

Хрватското Министерство за надворешни и европски работи ги повика своите граѓани да ги одложат сите патувања во Србија што не се неопходни, поради претстојните парламентарни избори и можните безбедносни ризици.На граѓаните што мора да патуваат им се препорачува да бидат особено внимателни, редовно да ја следат безбедносната состојба и да се информираат за можните ризици. Оние што веќе се наоѓаат во Србија треба да избегнуваат места и ситуации што би можеле да ја загрозат нивната безбедност.Одлук

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

Хрватска ги повика граѓаните да ги одложат непотребните патувања во Србија пред изборите


Сподели преку

Застарена опрема, неажурирани системи и недостиг од кадар: Сериозни пропусти во ИТ-безбедноста на ПИОМ

Државниот завод за ревизија утврдил сериозни слабости во информациската безбедност на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија. Од 57 систематизирани работни места во ИТ-секторот, пополнети се само 17, а во 2024 година средствата за информациска безбедност изнесувале само еден денар на секои 10.000 денари исплатени пензии.Ревизорите предупредуваат дека недостигот од стручни кадри, застарената опрема и неажурираните безбедносни системи создаваат ризици за заштитата на личните

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

Застарена опрема, неажурирани системи и недостиг од кадар: Сериозни пропусти во ИТ-безбедноста на ПИОМ


Сподели преку

Муцунски со францускиот министер за Европа: Во фокусот европскиот пат на Македонија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со францускиот министер за Европа, Бенжамин Хадад, на маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора.Во фокусот на разговорите биле билатералната соработка, европската перспектива на Македонија и поддршката од Франција за нејзиниот пат кон Европската Унија.Муцунски ја истакнал посветеноста на Владата на спроведувањето на реформите и остварувањето на стратешката цел за полноп

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

Муцунски со францускиот министер за Европа: Во фокусот европскиот пат на Македонија


Сподели преку

Левица: Во ек на грејна сезона МЕПСО бара речиси двојна тарифа - Регулаторната комисија за енергетика да престане да ги остава граѓаните на цедило

Левица преку соопштение реагира на барањето на МЕПСО за речиси двојно зголемување на тарифата за пренос на електрична енергија, обвинувајќи ја Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) дека наместо да ги штити граѓаните, им оди во прилог на енергетските монополи.Од партијата посочуваат дека МЕПСО за 2027 година бара регулиран приход од околу три милијарди денари, наспроти речиси две милијарди денари одобрени за 2026 година, иако се предвидува помала количина електрична енергија да поминува низ

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

Левица: Во ек на грејна сезона МЕПСО бара речиси двојна тарифа - Регулаторната комисија за енергетика да престане да ги остава граѓаните на цедило


Сподели преку

Приведен гостиварец кај Ќафасан со околу еден килограм марихуана

Полициски службеници привеле 40-годишен жител на Гостивар, откако кај него била пронајдена црна вреќа со околу еден килограм марихуана во близина на граничниот премин Ќафасан.Од МВР информираат дека на 21 октомври, во 20:50 часот, полицискиот мобилен тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ – Охрид, во соработка со Полициската станица за граничен надзор Франгово, го лишил од слобода Б.Б. (40) од Гостивар.При преземање мерки за сузбивање на недозволената трговија со дро

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

Приведен гостиварец кај Ќафасан со околу еден килограм марихуана


Сподели преку

(Видео) „Брука“: Автобуси од Македонија со поддржувачи на Вучиќ тргнале кон митингот во Ниш, па застанале да уринираат покрај автопат

Видео од автобуси со македонски регистарски таблички, кој наводно превезувале поддржувачи на српскиот претседател Александар Вучиќ кон Ниш, предизвикаа реакции на социјалните мрежи. На снимката се гледаат автобуси покрај автопатот, а дел од патниците застануваат да уринираат.Вучиќ вечерва одржа предизборен митинг во Ниш, на кој се обратија и поранешниот српски претседател Томислав Николиќ и Милорад Додик. Српските медиуми, меѓу кои N1, „Јужне вести“, „Данас“ и „Решетка“, известуваа за собирот и

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

(Видео) „Брука“: Автобуси од Македонија со поддржувачи на Вучиќ тргнале кон митингот во Ниш, па застанале да уринираат покрај автопат


Сподели преку

Со туѓи лични податоци подигнувале брзи кредити и присвоиле над 12 милиони денари, кривична за две кумановки и петмина банкари

Две жени од Куманово и петмина банкарски службеници се соочуваат со кривични пријави поради сомнение за измама, злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службената положба, со кои повеќе граѓани биле оштетени за вкупно 12.221.500 денари.Од СВР Куманово информираат дека кривична пријава е поднесена против А.С.Д. (23) и М.В. (35) поради сомнение за измама и злоупотреба на лични податоци, како и против петмина вработени во филијала на банка поради сомнение за злоупотреба на службената положба

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

Со туѓи лични податоци подигнувале брзи кредити и присвоиле над 12 милиони денари, кривична за две кумановки и петмина банкари


Сподели преку

(Видео) Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар пред владата во Тирана – протестите во Албанија ескалираат

Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон кабинетот на албанскиот премиер Еди Рама и полицискиот кордон што ја обезбедува зградата, за време на деветтиот ден од протестите во албанската престолнина.Според „Еуроњуз Албанија“, молотовите коктели предизвикале помал пожар, кој брзо бил изгаснат од дежурната противпожарна екипа. Водените топови биле подготвени, но не биле употребени, а полицијата не упатила повик до демонстрантите.Протестот продолжил неколку часа, по што учесниците се упати

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

(Видео) Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар пред владата во Тирана – протестите во Албанија ескалираат


Сподели преку

Русија и Украина разменија масовни напади по најавите за мировни преговори

Само неколку часа по сигналите за можен напредок во мировните преговори со посредство на САД, Русија и Украина разменија масовни напади врз своите територии. Во Киев има повредени, а погодени се и станбени објекти и инфраструктура во повеќе региони.Ракети го погодија Киев во раните утрински часови, при што најмалку 15 лица беа повредени, од кои осум биле хоспитализирани, соопштија градските власти. Оштетена е и инфраструктурата на метрото кај Јужниот мост над реката Днепар, информираше градонача

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

Русија и Украина разменија масовни напади по најавите за мировни преговори


Сподели преку

(Видео) Објавена снимка од автопатот Охрид - Кичево

Интензивно продолжуваат работите на автопатот Охрид – Кичево, еден од најзначајните и најсложените инфраструктурни проекти во Македонија, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.„Чекор по чекор се приближуваме до реализација на автопатот Охрид – Кичево!“, објави Николоски, посочувајќи дека проектот влегува во завршна фаза.

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

(Видео) Објавена снимка од автопатот Охрид - Кичево


Сподели преку

„Од кога тоа постоење на одлука се докажува со сведочење“: Апасиев до Обвинителите по вчерашното судење за случајот „Државна лотарија“

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, реагираше на вчерашното рочиште за случајот „Државна лотарија“, откако поранешен член на Управниот одбор на Лотарија сведочеше дека за време на неговиот мандат не била донесена одлука за набавка на ВЛТ-терминалите.Апасиев преку објава упати критики до обвинителите, прашувајќи како постоењето на одлука може да се докажува со сведочење.„Колеги ОБВИНИТЕЛИ… Ваљда не се заебавате со нас од фелата!? Од кога тоа постоење на ОДЛУКА се докажува со сведочење!

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

„Од кога тоа постоење на одлука се докажува со сведочење“: Апасиев до Обвинителите по вчерашното судење за случајот „Државна лотарија“


Сподели преку

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на платформата за возрасни „Онлифенс“ за една година

Корисниците од Македонија потрошиле околу 1,4 милиони евра на платформата „Онлифенс“ во периодот од декември 2024 до ноември 2025 година, покажуваат проценките на аналитичкиот сервис „JuicySearch“, објавени од „Блумберг Адрија“.Според анализата, потрошувачката на македонските корисници изнесувала околу 1,6 милиони долари, односно приближно 1,4 милиони евра.Во регионот, најмногу пари на платформата потрошиле корисниците од Хрватска, околу 10 милиони евра. Следуваат Словенија со 8,9 милиони евра и

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на платформата за возрасни „Онлифенс“ за една година


Сподели преку

Градоначалникот на Аеродром објави фотографија од жена како остава стар мебел покрај контејнер, таа во коментар му врати: „Платив за подигање, очекувам извинување“

Објавата на градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, на социјалните мрежи за оставен стар мебел покрај контејнери предизвика реакции на социјалните мрежи, откако жената што се препознала на фотографиите тврди дека отпадот уредно го пријавила и платила за негово подигање.Митески на Фејсбук објави фотографии од жена покрај стар мебел, оценувајќи дека станува збор за неодговорно однесување и создавање дива депонија. Тој напиша дека инспекциските служби веќе постапуваат по случајот и ги п

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

Градоначалникот на Аеродром објави фотографија од жена како остава стар мебел покрај контејнер, таа во коментар му врати: „Платив за подигање, очекувам извинување“


Сподели преку

(Видео) Опасна игра среде улица во Злокуќани: Додека вози мопед, со нога турка момче на тротинет

До редакцијата на „Скопје1“ пристигна видео на кое се гледа како среде улица се движат мотор и електричен тротинет, а момчето кое управува со моторот со ногата го турка момчето кое вози тротинет.Според информациите доставени до редакцијата, настанот се случил во скопската населба Злокуќани.На снимката се забележува ризично однесување на учесниците во сообраќајот, при што физичкиот контакт меѓу двајцата додека се движат по улицата може да ја загрози нивната безбедност, но и безбедноста на другите

пред 2 седмици | 0
skopje1.mk

(Видео) Опасна игра среде улица во Злокуќани: Додека вози мопед, со нога турка момче на тротинет


Сподели преку