(Видео) Протест пред Собрание против оданочување на пари во странство, низ другите улици сообраќаен метеж

Педесетина граѓани денеска протестираат пред Собранието во центарот на Скопје, изразувајќи незадоволство од постапувањето на Управата за јавни приходи (УЈП) во врска со оданочувањето на приходите остварени во странство.Демонстрантите носат транспарент со пораката „Бараме одговор УЈП“, барајќи појаснување и решение за, како што велат, спорните барања од институцијата.Протестот предизвика и сообраќаен метеж во централното градско подрачје. Блокирана е улицата кај Рекорд, односно пред Собранието, а...

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

(Видео) Протест пред Собрание против оданочување на пари во странство, низ другите улици сообраќаен метеж


Сподели преку

Филипче: Младите се иселуваат, не гледаат перспектива со Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција изјави дека младите сè почесто ја напуштаат државата бидејќи не гледаат перспектива во актуелните политики на Владата, оценувајќи дека земјата стагнира во однос на евроинтеграциите.Според него, додека државите од регионот напредуваат кон членство во Европската Унија, Македонија останува во застој.„Додека регионот се движи напред кон ЕУ, ние стоиме во место. Црна Гора веќе е во напредна фаза од пристапниот процес, а веднаш зад н...

пред 6 месеци | 22
skopje1.mk

Филипче: Младите се иселуваат, не гледаат перспектива со Мицкоски


Сподели преку

Филипче: Мицкоски повеќе не може да ги лаже граѓаните, свесно го блoкираше европскиот пат

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека премиерот Христијан Мицкоски повеќе не може да ги доведува во заблуда ниту граѓаните, ниту европските партнери, оценувајќи дека свесно се блокира европскиот пат на државата.Според него, Владата не спроведува клучни реформи и со тоа директно ја загрозува европската перспектива на земјата.„Наместо да работи на реформи, оваа власт се занимава со создавање конфликти со соседите, анти-европска пропаганда и туркање на држ...

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

Филипче: Мицкоски повеќе не може да ги лаже граѓаните, свесно го блoкираше европскиот пат


Сподели преку

Вооружен напад во Атина: 89-годишник рани повеќе лица во ЕФКА и суд

Во Атина денеска е регистриран вооружен инцидент во кој неколку лица се повредени, откако 89-годишен маж вооружен со ловечка карабина отворил оган во објект на Националниот фонд за социјално осигурување (ЕФКА) во населбата Керамикос, а потоа нападот го продолжил и во Апелацискиот суд.Според грчките медиуми, напаѓачот прво влегол во просториите на ЕФКА, каде што пукал и ранил еден вработен во пределот на нозете. Веднаш по инцидентот, тој се упатил кон Апелацискиот суд, каде повторно отворил оган...

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

Вооружен напад во Атина: 89-годишник рани повеќе лица во ЕФКА и суд


Сподели преку

Родителите на починатите во „Пулс“ за барањето Деко да биде пуштен од притвор: „Пуштете го, ние ќе му пресудиме“

На денешното рочиште од судскиот процес за трагедијата во кабарето „Пулс“ во Кочани беа презентирани обдукциските извештаи од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, со кои, според Обвинителството, се утврдуваат причините за смртта на загинатите.Обвинителката Наташа Сарамандова пред судот ги изнесе резултатите од вештачењата, при што документите биле прикажувани и на екран во судницата, а поединечно биле наведувани причините за смрт според секоја обдукција.Според...

пред 6 месеци | 12
skopje1.mk

Родителите на починатите во „Пулс“ за барањето Деко да биде пуштен од притвор: „Пуштете го, ние ќе му пресудиме“


Сподели преку

Филипче: Вајц го демантира Мицкоски, нема никаков напредок

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека европскиот известувач Томас Вајц јасно ги демантира тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски за наводен напредок во евроинтегративниот процес на земјата, стои во партиското соопштение.Филипче посочи дека, според изјавите на Вајц, во изминатиот период не е забележан сериозен напредок во реформите, особено во областа на владеењето на правото и приближувањето кон Европската Унија. Тој нагласи дека европските оценки се спротивни на, како што рече, „оптими...

пред 6 месеци | 20
skopje1.mk

Филипче: Вајц го демантира Мицкоски, нема никаков напредок


Сподели преку

Петрушевски: Филипче и СДС за власт се спремни да го продадат македонскиот јазик, култура и идентитет

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Петрушевски, упати остри обвинувања кон СДСМ и нивниот лидер Венко Филипче, тврдејќи дека партијата е подготвена да прави отстапки на штета на македонскиот идентитет само за да дојде или остане на власт.Во изјавата се наведува дека, како што тврди Петрушевски, „лојалноста на СДСМ кон бугарски политички структури“ се зголемува, што, според него, негативно влијае врз македонските позиции во меѓународните преговори.Тој ги обвини СДСМ дека немаат проблем со различни и...

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

Петрушевски: Филипче и СДС за власт се спремни да го продадат македонскиот јазик, култура и идентитет


Сподели преку

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се соземе и да престане да се глупира, нивните соопштенија и тези се навреда за граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение упати остри критики кон СДСМ, оценувајќи дека нивните соопштенија и политички тези се несериозни и навредливи за граѓаните.Во партиското соопштение се наведува дека СДСМ треба „да се соземе и да престане со вакви настапи“, кои, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, придонесуваат за деградирање на политичката култура во државата.Од партијата во соопштението додаваат дека ваквите јавни пораки претставуваат „самопонижување“ и дека се штетни за државата, обвинувајќи ја опозициската...

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се соземе и да престане да се глупира, нивните соопштенија и тези се навреда за граѓаните


Сподели преку

Тошковски: Полицијата ќе има пошироки овластувања и нови технолошки алатки во борбата против семејното насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес конференција, одговарајќи на новинарски прашања, се осврна на новите мерки и законски измени насочени кон зајакнување на борбата против семејното насилство, како и на улогата на полицијата во заштита на жртвите.Тој истакна дека зголемениот број на пријави за семејно насилство не мора нужно да значи и зголемување на самите случаи, туку, како што рече, е показател дека сè повеќе жртви се охрабруваат да пријавуваат.„Тоа го оценуваме како позити...

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

Тошковски: Полицијата ќе има пошироки овластувања и нови технолошки алатки во борбата против семејното насилство


Сподели преку

Јавната администрација со нов чекор во реформите и дигитализацијата

Од Министерството за јавна администрација соопштија дека во Скопје се одржа Четвртата седница на Советот за реформа на јавната администрација, на која беа разгледани и усвоени клучни извештаи поврзани со напредокот на реформските процеси во јавниот сектор.Со седницата претседаваше премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски, а на дневен ред беа Годишниот извештај за 2025 година за спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација (2023–2030) со Акцискиот план, како и Извештајот за јав...

пред 6 месеци | 23
skopje1.mk

Јавната администрација со нов чекор во реформите и дигитализацијата


Сподели преку

Политичка конфузија или внатрешен раскол: ЗНАМ реагира на СДСМ

Движењето ЗНАМ во соопштение изјасни дека реагира дека во јавните настапи поврзани со измените на Законот за Влада се забележува, како што наведуваат, конфузија и неусогласеност во ставовите на СДСМ.Според ЗНАМ, во текот на еден ден од ист политички субјект биле испратени различни пораки кои, како што оценуваат, се разликуваат по содржина и насока, оставајќи впечаток за недоволна координација во партијата, стои во соопштението.Во соопштението се цитираат изјави на претседателот на СДСМ, Венко Фи...

пред 6 месеци | 22
skopje1.mk

Политичка конфузија или внатрешен раскол: ЗНАМ реагира на СДСМ


Сподели преку

Андоновски: Новиот закон за сајбер безбедност воспоставува систем на отпорност и во приватниот сектор – обврските се заеднички

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска се обрати на бизнис конференција за сајбер безбедност во организација на Македонски Телеком, посветена на новата регулатива за безбедност на мрежни и информациски системи и предизвиците во заштитата на дигиталната инфраструктура.Андоновски истакна дека сајбер безбедноста повеќе не може да се третира како техничко прашање, туку претставува клучен фактор за отпорноста на државата и стабилноста на економијата, стои во соопштението од...

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

Андоновски: Новиот закон за сајбер безбедност воспоставува систем на отпорност и во приватниот сектор – обврските се заеднички


Сподели преку

„Комунална хигиена“ отстрани 620 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје

ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ во текот на изминатата седмица отстрани вкупно 620 кубни метри непрописно одложен отпад од диви депонии на територијата на сите скопски општини.Како што информираат од претпријатието, се реализирани две поголеми интервенции во општините Чаир и Гази Баба, каде биле расчистени обемни депонии од јавни површини.Во општината Чаир, на улицата „Славеј планина“ во близина на скопското Теќе, е отстранета дива депонија со околу 150 кубни метри кабаст, градежен и мешан отпад...

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

„Комунална хигиена“ отстрани 620 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје


Сподели преку

Тошковски за случајот на врсничкото насилство во Ѓорче Петров: Досега на разговор се повикани 14 лица, а за дел од нив ќе следуваат соодветни процесни дејствија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес конференција изјави дека случајот со врсничко насилство во скопската општина Ѓорче Петров е во фаза на истрага, која се спроведува во координација со Јавното обвинителство.Тој посочи дека во рамки на постапката досега на разговор се повикани 14 лица, а за дел од нив ќе следуваат соодветни процесни дејствија. Поради тоа што станува збор за малолетници, истрагата се води со посебна внимателност и со ограничено споделување информации во јавност...

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

Тошковски за случајот на врсничкото насилство во Ѓорче Петров: Досега на разговор се повикани 14 лица, а за дел од нив ќе следуваат соодветни процесни дејствија


Сподели преку

Сведоштво на мајка: „Моите деца беа жртви на брутално врсничко насилство“

Скопјанка преку објава на социјалните мрежи сподели потресно лично сведоштво за врсничкото насилство, истакнувајќи дека проблемот не е само општествен, туку длабоко поврзан со воспитувањето во семејството.Таа во својата објава наведува дека веќе неколку дена јавноста реагира на случаи на врсничко насилство, но дека таа ситуацијата ја гледа и низ професионална и низ мајчинска перспектива, нагласувајќи дека траумата не исчезнува со текот на времето, туку со неа се учи да се живее.Во својата објава...

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

Сведоштво на мајка: „Моите деца беа жртви на брутално врсничко насилство“


Сподели преку

Приведени двајца мажи во Тетово, пронајдена дрога

Две лица се лишени од слобода на Градскиот стадион во Тетово, откако кај нив била пронајдена дрога, информираат од СВР Тетово.На 27.04.2026 година во 17:10 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги привеле Б.Ш. (23) од село Лешок и Г.М. (19) од Куманово.При извршен преглед кај нив била пронајдена и одземена марихуана, како и кафеава грутчеста материја.По целосно документирање на случајот, против двете лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.

пред 6 месеци | 19
skopje1.mk

Приведени двајца мажи во Тетово, пронајдена дрога


Сподели преку

Миа Костова: Недостаток на внимание од дома создава проблематично однесување кај децата

Јавната личност Миа Костова преку објава на социјалните мрежи изнесе став за врсничкото насилство и улогата на родителите во воспитувањето, при што остро реагираше на сè почестите случаи на агресивно однесување кај деца.Таа во својата објава посочува дека, според неа, дел од ваквите појави се резултат на недоволна родителска посветеност и недостиг на емоционална грижа во домот, додавајќи дека последиците подоцна се манифестираат преку насилно однесување и недостаток на емпатија.Во објавата, Кост...

пред 6 месеци | 10
skopje1.mk

Миа Костова: Недостаток на внимание од дома создава проблематично однесување кај децата


Сподели преку

Без возачка и агресивно однесување кон полиција во Тетово, приведе повеќе лица

Две одделни интервенции на тетовската полиција резултирале со лишување од слобода на повеќе лица поради сообраќајни прекршоци и нарушување на јавниот ред, информираат од МВР.Во првиот случај, на 27.04.2026 година во 13:45 часот на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.С. (20) од село Добарце, тетовско. При сообраќајна контрола било сопрено мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, кој го управувал без да поседува возачка дозвола. Мотоциклот...

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

Без возачка и агресивно однесување кон полиција во Тетово, приведе повеќе лица


Сподели преку

Пронајдена почината жена во викенд-куќа во Маврови Анови

Во викенд-куќа во мавровското село Маврови Анови била пронајдена почината жена, информираат од СВР Тетово.Според пријавата, на 27.04.2026 година во 14:10 часот во Полициското одделение Маврово било пријавено дека во објектот е пронајдена починатата Д.Ѓ. (58) од село Леуново, општина Маврово и Ростуше.Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција.

пред 6 месеци | 21
skopje1.mk

Пронајдена почината жена во викенд-куќа во Маврови Анови


Сподели преку

САД и Иран поблиску до договор отколку што се мислеше

CNN објави дека САД и Иран можеби се поблиску до договор отколку што изгледа, иако формалните преговори сè уште не се во напредна фаза.Според изворите, дипломатските напори продолжуваат зад затворени врати, а првиот можен чекор би бил враќање на состојбата пред ескалацијата и целосно повторно отворање на Хормушкиот теснец за слободна пловидба.Прашањето за иранската нуклеарна програма би се разгледувало во подоцнежна фаза, додека посредниците вршат притисок врз двете страни за постигнување компро...

пред 6 месеци | 21
skopje1.mk

САД и Иран поблиску до договор отколку што се мислеше


Сподели преку

Путин: „Сите аспекти на глобалниот раст се неповратно променети“

Владимир Путин изјави дека глобалниот систем на економија, финансии и меѓународни односи претрпува „неповратни промени“, нагласувајќи дека старите правила на светскиот поредок ја губат својата важност.Во видео обраќање до учесниците на форумот „Отворен дијалог“, тој истакна дека се формира мултиполарен свет во кој, според него, растечка улога добиваат земјите од Глобалниот Југ, додека западните држави ја губат доминацијата.Путин додаде дека одржлив глобален развој е можен само врз основа на една...

пред 6 месеци | 23
skopje1.mk

Путин: „Сите аспекти на глобалниот раст се неповратно променети“


Сподели преку

Реакција на Уставниот суд по најавите за протест пред институцијата

По медиумскиот интерес и најавениот протест пред Уставниот суд закажан за денеска (28.04.2026), од Судот информираат дека во конкретниот предмет е поведена постапка врз основа на сомнеж за уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура и на член 76-љ од Законот за културата.Оттаму појаснуваат дека станува збор за втора фаза од постапката, во која допрва ќе се оценува уставноста и законитоста на оспорените одредби, а конечна одлука сè уште не е донесена.Уставниот суд наведува дека со...

пред 6 месеци | 22
skopje1.mk

Реакција на Уставниот суд по најавите за протест пред институцијата


Сподели преку

Гаши: Западен Балкан не смее да остане „сива зона“ во геополитички контекст

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во Љубљана учествуваше на меѓународната конференција „Западен Балкан во вртлогот на новата геополитика на безбедноста“, каде што во своето обраќање ја истакна стратешката важност на проширувањето на Европската Унија и европската перспектива на регионот, стои во соопштението од Собранието на Република Македонија.Тој порача дека дебатата за проширувањето денес е повеќе од прашање на иднина, оценувајќи дека тоа претставува доказ за политичкиот карактер и кап...

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

Гаши: Западен Балкан не смее да остане „сива зона“ во геополитички контекст


Сподели преку

Македонија со јасна енергетска трансформација и конкретни резултати – силна порака од ЈЕСКО во Берлин

На состанокот на Германско-македонскиот заеднички економски управен комитет (ЈЕСКО), кој се одржа во Сојузното министерство за економски работи и енергетика на Сојузна Република Германија во Берлин, Македонија испрати порака дека енергетската трансформација е веќе активен процес што дава конкретни резултати, стои во соопштението од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.Во рамки на официјалната делегација, државниот секретар во Министерството за енергетика, рударство и мине...

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

Македонија со јасна енергетска трансформација и конкретни резултати – силна порака од ЈЕСКО во Берлин


Сподели преку