Капки врел сунѓер откриени на јакната на Андреј Ѓорѓиевски - презентирани материјални докази за пожарот во ,,Пулс" , oдбраната на обвинетите повторно ги оспори доказите
Обвинителството денеска во судницата изнесе серија материјални докази од увидот по катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со фокус на пиротехниката како причина за пожарот и улогата на запаливите материјали во објектот, меѓу кои и полиуретанскиот сунѓер.На рочиштето беа презентирани пронајдени предмети од лице место – изгорен ресивер за активирање пиротехника, ранец со дополнителни ресивери, батерија од девет волти и неискористено пиротехничко средство. Обвинителството оцени дека...