(Видео) Мицкоски: Европа станува немирен вулкан, има луѓе што ќе се обидат да нè вмешаат во туѓи проблеми
Премиерот Христијан Мицкоски, на свечената академија по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, предупреди дека нестабилноста во Европа и на Балканот може да се одрази и врз Македонија, притоа обвинувајќи дел од опозицијата дека е подготвен да учествува во политички провокации за лични интереси.„Веќе Балканот не е единственото буре барут. Впрочем, Европа станува немирен вулкан. Сè помалку се слуша разумот, а секојдневно ги гледаме протестите, насилството во разни облици,