Американски државјанин трипати приведен од имиграциски агенти

Американски државјанин од Алабама тврди дека во период од помалку од една година бил трипати приведен од федерални имиграциски агенти, иако секој пат покажувал документи со кои го докажувал своето државјанство.Станува збор за 26-годишниот градежен работник Леонардо Гарсија Венегас, кој во заедничка тужба наведува дека бил незаконски застануван, приведуван и апсен од страна на имиграциските служби во округот Болдвин, при што, според неговите тврдења, биле игнорирани неговите лични документи.Тужба...

пред 6 месеци | 17
skopje1.mk

Американски државјанин трипати приведен од имиграциски агенти


Сподели преку

Интензивни разговори за Иран: Венс се сретна со катарскиот премиер

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс одржа состанок со катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, на кој се разговарало за преговорите со Иран, објави американскиот портал Аксиос.Засега нема многу детали за содржината на средбата ниту за можни конкретни поместувања во преговарачкиот процес, но се очекува повеќе информации да бидат објавени во текот на денот.Средбата доаѓа во период на засилена дипломатска активност поврзана со односите меѓу САД и Иран, како и со напорите за постигну...

пред 6 месеци | 18
skopje1.mk

Интензивни разговори за Иран: Венс се сретна со катарскиот премиер


Сподели преку

Научниците открија како кафето може да го забави стареењето

Научници открија нов механизам преку кој кафето потенцијално придонесува за подобро здравје и подолг живот, а според најновото истражување, кофеинот има многу помала улога отколку што досега се мислеше.Студијата на Универзитетот Texas A&M покажала дека главниот ефект против стареење најверојатно доаѓа од растителните соединенија во зрното кафе, а не од кофеинот. Истражувањето е објавено во научното списание Nutrients.Научниците анализирале како соединенијата од кафето влијаат врз рецепторот NR4A...

пред 6 месеци | 18
skopje1.mk

Научниците открија како кафето може да го забави стареењето


Сподели преку

Вештачката интелигенција предизвика хаос: Nintendo и Sony ги зголемуваат цените

Наглиот раст на цените на мемориските чипови и зголемената побарувачка од секторот за вештачка интелигенција создаваат сериозни проблеми за индустријата за видеоигри, предупредија јапонските гиганти Nintendo и Sony.Компаниите посочуваат дека бумот на дата-центрите за AI дополнително ја ограничува понудата на полупроводници и ги нарушува глобалните синџири на снабдување. Цените на меморијата во првиот квартал годинава се удвоија, а аналитичарите очекуваат дополнителен раст до 63 проценти во теков...

пред 6 месеци | 22
skopje1.mk

Вештачката интелигенција предизвика хаос: Nintendo и Sony ги зголемуваат цените


Сподели преку

Облачно и нестабилно време, локално се очекува невреме

Времето денес ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.Според прогнозата, на одделни места се очекуваат поинтензивни процеси, проследени со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се движи од 7 до 12 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне меѓу 18 и 23 степени Целзиусови.

пред 6 месеци | 18
skopje1.mk

Облачно и нестабилно време, локално се очекува невреме


Сподели преку

Жители бараат поголеми контроли за скутери и несовесни возачи во Кисела Вода

Жители на скопската населба Кисела Вода преку социјалните мрежи апелираат до Општина Кисела Вода и до полициската станица во општината да се засилат контролите врз возачите на скутери и автомобили кои несовесно учествуваат во сообраќајот.Во објавата се наведува дека за само половина час, од 11:30 до 12 часот, на две различни локации биле забележани опасни ситуации во сообраќајот, поради што граѓаните изразуваат загриженост за безбедноста на пешаците, децата и останатите учесници во сообраќајот.„...

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

Жители бараат поголеми контроли за скутери и несовесни возачи во Кисела Вода


Сподели преку

Директорот на ФБИ наредил полиграфско тестирање на вработени

Директорот на ФБИ, Каш Пател, наредил полиграфско тестирање на повеќе од дваесетина поранешни и сегашни членови на неговиот безбедносен тим, како и на други вработени.Американските медиуми пишуваат дека Пател се обидува да ја зачува својата функција и да ги открие лицата што оддаваат информации од неговиот тим.Според извештаите, Пател оваа недела се изолирал од дел од високите претставници на Бирото по серијата медиумски објави што предизвикале загриженост околу неговото раководење со ФБИ.Директ...

пред 6 месеци | 18
skopje1.mk

Директорот на ФБИ наредил полиграфско тестирање на вработени


Сподели преку

Градоначалникот на Карпош ги предал сите надлежности на член на Советот, ама Општината демантира дека поднел и оставка

Општина Карпош ги демантираше информациите дека градоначалникот Сотир Лукровски поднел оставка, посочувајќи дека тој во моментов користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини.„Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски си има поднесено оставка. Тој во овој момент користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини, за што замолуваме за разбирање“, соопштија од Општината.Од таму уверуваат дека работата на локалната самоуправа...

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

Градоначалникот на Карпош ги предал сите надлежности на член на Советот, ама Општината демантира дека поднел и оставка


Сподели преку

(Видео) Ѓоковиќ: Ги извртуваа моите зборови и велеа дека барам повеќе пари за себе

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно зборуваше за положбата на играчите и распределбата на парите на најголемите турнири.На прес-конференција во Рим, Ѓоковиќ се осврна на долгогодишната борба за правата на тенисерите, но и на причините поради кои било основано Здружението на професионални тенисери.Иако вниманието во јавноста последните денови е насочено кон можниот бојкот на Отвореното првенство на Франција поради финансиските услови, особено по изјавите на Арина Сабаленка, Ѓоковиќ истакна де...

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

(Видео) Ѓоковиќ: Ги извртуваа моите зборови и велеа дека барам повеќе пари за себе


Сподели преку

Поморски дрон со експлозив пронајден кај грчкиот остров Лефкада

Вистинска безбедносна драма се одвива во Грција, откако рибари во близина на островот Лефкада пронашле поморски дрон без екипаж, за кој медиумите тврдат дека бил натоварен со експлозив и детонатори.Според грчките медиуми, дронот бил откриен во пештера во јужниот дел на островот, а моторот сè уште бил вклучен кога рибарите го забележале. Тие го извлекле до пристаништето Василики, по што бил предаден на грчките власти и на Министерство за одбрана на Грција.Порталот „Прототема“ објави дека станува...

пред 6 месеци | 19
skopje1.mk

Поморски дрон со експлозив пронајден кај грчкиот остров Лефкада


Сподели преку

Европска комисија: Патниците имаат право на отштета ако летот е откажан поради скапо гориво

Европската комисија соопшти дека високите цени на авионското гориво не претставуваат оправдување авиокомпаниите да ги избегнуваат обврските кон патниците при откажување летови.Според насоките што денеска ги усвои Комисијата за транспортниот и туристичкиот сектор на ЕУ, патниците и понатаму имаат право на враќање на парите, пренасочување, помош на аеродром и обесштетување за откажани летови во последен момент.Портпаролката на Европската комисија, Ана Каиса Итконен, појасни дека авиокомпаниите мож...

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

Европска комисија: Патниците имаат право на отштета ако летот е откажан поради скапо гориво


Сподели преку

Нема потреба Филипче да се изначека за премиерска фотелја, сега нека повика Ковачевски да се врати од бегство, а Зоран и Вице да одговараат за криминал, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагираше на изјавите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека негов прв премиерски потпис би бил закон против корупција.Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека, наместо да чека премиерска функција, Филипче веднаш треба да побара поранешниот директор на РЕК, Васко Ковачевски, да се врати во државата и да одговара за сомнежите за криминал.Во партиското соопштение се наведува и дека, според нив, Филипче треба да одговара за набавката на кинеските вакцини за време на кови...

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

Нема потреба Филипче да се изначека за премиерска фотелја, сега нека повика Ковачевски да се врати од бегство, а Зоран и Вице да одговараат за криминал, вели ВМРО-ДПМНЕ


Сподели преку

Федерален суд му зададе нов удар на Трамп: Глобалните царини прогласени за незаконски

Федерален суд во Њујорк Сити пресуди против новите глобални царини од 10 проценти што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека мерките се незаконски и дека администрацијата ги пречекорила овластувањата што ги има според законот.Поделениот тричлен совет на Судот за меѓународна трговија, со два гласа „за“ и еден „против“, утврди дека глобалните царини не се законски оправдани, по тужбата поднесена од мали бизниси.Судот оцени дека Трамп ги надминал овластувањата за воведува...

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

Федерален суд му зададе нов удар на Трамп: Глобалните царини прогласени за незаконски


Сподели преку

Франција отвори истрага против Илон Маск поради сомнежи за детска порнографија на Икс

Француското обвинителство денеска отвори истрага против сопственикот на платформата Икс, Илон Маск, поради можни злоупотреби и ширење детска порнографија преку социјалната мрежа.Како што пренесува Фигаро, обвинителството има намера да утврди дали Маск бил соучесник во ширењето на такви содржини. Тој претходно не се одѕвал на повикот на францускиот суд за неформален разговор.„Истрагата покажа дека постојат причини за покренување постапка со назначување истражен судија. Франција го почитува меѓуна...

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

Франција отвори истрага против Илон Маск поради сомнежи за детска порнографија на Икс


Сподели преку

Рубио: Не разговарав со Мелони за повлекувањето на американските трупи

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјавил дека со италијанската премиерка Џорџија Мелони не разговарал за можноста за повлекување американски војници од Италија.Изјавата следува откако САД објавија одлука за повлекување на 5.000 војници од Германија, додека американскиот претседател Доналд Трамп се закани со дополнително намалување на силите во Италија и Шпанија поради нивниот став кон војната со Иран.Рубио изјавил дека е „силен поддржувач на НАТО“, но притоа критикувал некои европски д...

пред 6 месеци | 18
skopje1.mk

Рубио: Не разговарав со Мелони за повлекувањето на американските трупи


Сподели преку

Рубио: Чекам одговор од Иран за преговорите за завршување на војната

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјавил во Рим дека САД денеска очекуваат одговор од Иран во врска со преговорите за завршување на војната.„Се надевам дека станува збор за сериозна понуда“, изјавил Рубио.Тој додал дека за САД би било „неприфатливо“ доколку се покажат точни извештаите дека Иран се обидува да воспостави нова агенција за контрола на поморскиот сообраќај и наплата на премин низ Ормутскиот теснец.

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

Рубио: Чекам одговор од Иран за преговорите за завршување на војната


Сподели преку

Песков: Путин е подготвен за разговори и со Европа

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да преговара „со сите“, вклучително и со европските држави, соопшти Кремљ, откако британскиот весник Фајненшл тајмс објави дека раководството на Европската Унија се подготвува за можни разговори.Според весникот, промената на ставот на Европската Унија била поттикната од незадоволството од преговорите за завршување на војната во Украина, кои ги предводи американскиот претседател Доналд Трамп.Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, изјавил д...

пред 6 месеци | 19
skopje1.mk

Песков: Путин е подготвен за разговори и со Европа


Сподели преку

(Видео) Украинците нападнаа една од најголемите руски бази во Чеченија

Украински беспилотни летала утрово го нападнале округот Ханкала во Грозни, каде што се наоѓа една од најголемите руски воени бази, како и објект на Федералната служба за безбедност во селото Знаменскоје.Според видеоснимките што се шират на социјалните мрежи, во Грозни одекнале најмалку две експлозии. Рускиот канал на Телеграм Астра објави дека еден удар го погодил подрачјето на Ханкала, додека вториот бил насочен кон просторот во близина на градската железничка станица.Во Ханкала се наоѓа руска...

пред 6 месеци | 17
skopje1.mk

(Видео) Украинците нападнаа една од најголемите руски бази во Чеченија


Сподели преку

Ја давел и мавал со боксови пред ќерката, избегала од дома за да се спасат двете - обвинение за обезбедувачот на Мицкоски за семејно насилство

Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека до Основен кривичен суд Скопје е поднесен обвинителен предлог против Раде Ристовски член на поширокото обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски за кривично дело „телесна повреда“.Според обвинителството, по претходна вербална расправија во семејниот дом, обвинетиот физички ја нападнал оштетената, удирајќи ја по лицето и главата пред нивната малолетна ќерка, а потоа ја фатил за вратот и почнал да ја дави.В...

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

Ја давел и мавал со боксови пред ќерката, избегала од дома за да се спасат двете - обвинение за обезбедувачот на Мицкоски за семејно насилство


Сподели преку

20 годишна турска државјанка пронајдена мртва во стан во Штип

Министерство за внатрешни работи соопшти дека на 7 мај во 14:48 часот во СВР Штип било пријавено дека во стан во Штип е пронајдено починато женско лице.Полициски службеници излегле на местото, при што било утврдено дека станува збор за У.Е. (20), државјанка на Турција.Увид на местото извршила екипа на СВР Штип, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено за обдукција.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

20 годишна турска државјанка пронајдена мртва во стан во Штип


Сподели преку

Дрога и дигитална вага откриени при полициски контроли, три лица приведени

Министерство за внатрешни работи соопшти дека во текот на 7 и 8 мај 2026 година, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 26-годишниот Д.Д. и 20-годишниот Ј.М., двајцата од Скопје, бидејќи кај нив била пронајдена и одземена марихуана.Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.Во одделен случај, на 7 мај во 17:30 часот во населбата Фазанерија во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го л...

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

Дрога и дигитална вага откриени при полициски контроли, три лица приведени


Сподели преку

Советничка на ЗНАМ, Стеваноска ја напушти владејачката коалиција, ќе дејствува како независна советничка

Советничка на ЗНАМ во Советот на Општина Прилеп, Мирјана Стеваноска, денеска соопшти дека ја напушта владејачката коалиција и дека во иднина ќе дејствува како независна советничка.Таа изјави дека одлуката ја донела, како што рече, водејќи се од интересите на граѓаните на Прилеп.Стеваноска, која беше носител на советничката листа на ЗНАМ на последните локални избори, пред советниците порача дека довербата добиена од граѓаните претставува обврска што не смее да биде изневерена.„Во изминатиот перио...

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

Советничка на ЗНАМ, Стеваноска ја напушти владејачката коалиција, ќе дејствува како независна советничка


Сподели преку

Расправија во Чаир меѓу две жени завршила со меѓусебни пријави за напад

Министерство за внатрешни работи соопшти дека на 7 мај 2026 година во СВР Скопје, 37-годишна жена од Скопје пријавила дека претходниот ден околу 18:00 часот во дом на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, била физички нападната од 33-годишна жена од Скопје, која притоа ја снимала со мобилен телефон.Од полицијата информираат дека претходно, на 6 мај, и 33-годишната жена пријавила дека околу 18:45 часот била физички нападната од 37-годишната жена.По целосно документирање на случајот ќе след...

пред 6 месеци | 9
skopje1.mk

Расправија во Чаир меѓу две жени завршила со меѓусебни пријави за напад


Сподели преку

Пријава за физички напад во семејство во Кисела Вода

Министерство за внатрешни работи соопшти дека на 7 мај 2026 година во 18:20 часот во Полициска станица Кисела Вода на службен разговор бил повикан 30-годишниот А.Џ. од Скопје.Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 29-годишна сопруга, која навела дека била физички нападната од него.Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

пред 6 месеци | 19
skopje1.mk

Пријава за физички напад во семејство во Кисела Вода


Сподели преку