Маѓар официјално стана унгарски премиер
Петер Маѓар денеска положи заклетва како нов премиер на Унгарија, откако неговата партија Тиса убедливо победи на парламентарните избори и стави крај на долгогодишното владеење на Виктор Орбан.Проевропскиот конзервативец, кој на политичката сцена се појави пред само две години, беше избран во парламентот со 140 гласа „за“, 54 „против“ и еден „воздржан“. Неговата партија Тиса освои 141 од вкупно 199 пратенички места.Гласањето се одржа во отсуство на Виктор Орбан, кој претходно поднесе оставка од...