Физичка пресметка во Битола, едно лице повредено со остар предмет
Министерство за внатрешни работи информира дека на 10.05.2026 во 15:30 часот во СВР Битола било пријавено дека на улицата „Леринска“ во Битола настанала физичка пресметка помеѓу И.Ш.(33) и М.А.(35), двајцата од Битола.Според пријавеното, за време на пресметката И.Ш. со остар предмет му нанел расекотина на М.А.Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.