Марихуана пронајдена кај 19 годишник на улица во Битола
Од СВР Битола информираат дека на 13.05.2026 во 20:00 часот на улицата „Партизанска“ во Битола полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(19) од Битола.При контролата, кај него била пронајдена марихуана.По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.