УХМР најавува пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северозападен ветер.Според прогнозата на УХМР, пообилни врнежи, над 20 литри на метар квадратен, се очекуваат во западните и југозападните делови од земјата.Минималната температура ќе се движи од 5 до 13 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 16 до 24 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локале...