,,Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за државата – највисок износ во регионот", вели Муцунски
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски соопшти дека Европска комисија ставила на располагање 65,7 милиони евра за Македонија во рамки на Инструментот за реформи и раст.Според Муцунски, станува збор за највисок износ во регионот, во споредба со 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора.Тој оцени дека ова претставува потврда за посветеноста на Владата кон реформите, исполнувањето на обврските од Планот за раст и имплементацијата на европските станда...