(Видео) Први тензии во Србија: објавена снимка од наводен контакт-центар на СНС
Фејсбук-страницата „Сложно против диктатура“ објави видео за кое тврди дека прикажува контакт-центар на Српската напредна странка (СНС) во Батајница, кој на денот на парламентарните избори бил користен за агитирање.„Во Батајница откриен и растурен контакт-центар на СНС“, стои во описот на објавеното видео.На снимката се гледаат повеќе лица кои седат на работни бироа, додека група луѓе влегува во просторијата и бара да им бидат покажани списоците според кои работат. Тие и снимаат дел од списоците